English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Почетна > Скопје и околија > Плоштад Македонија (2007) Скопје, Центар - Камен Мост над реката Варда Испрати на својот пријател


Плоштад Македонија (2007) Скопје, Центар - Камен Мост над реката Варда


Камениот мост се наоѓа во центарот на Скопје и ги поврзува стариот и новиот дел на градот. Постојат две претпоставки околу датацијата на мостот. Според првата која е потврдена со археолошките истражувања, тој бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 год., во екот на градежните активности кои биле преземени низ целата Империја од страна на императорот Јустинијан I. Според втората претпоставка, која е поткрепена со историски извори, мостот бил изграден во времето на султанот Мехмед II - (1444-1446;1451-1481 год.), во периодот меѓу 1451 и 1469 год.

Во својата првобитна форма, мостот имал 13 свода, со вкупна должина 213,85 м. и ширичина од 6,33 м. Тој бил изграден од травертински блокови наредени со големо мајсторство и прецизност, меѓусебно врзани со железни кламфи, зацврстени со леано олово, кршен камен и малтер употребени во внатрешноста на столбовите. Некои од нив - како што е на пример средишниот столб, кој во својот горен дел завршува со украсна ниша (стражарница), во својата внатрешност имаат големи простории со двојна функција, да го намалат, оптоварувањето на столбот, но и да послужат како простории со пушкарници.

Низ вековите мостот претрпел повеќе оштетувања, што налагало и конкретни зафати за неговото санирање и обнова. Познато е дека мостот настрадал од големиот земјотрес од 1555 год. кога биле разурнати или тешко оштетени четири столба. Турскиот патеписец Евлија Челебија, кој престојувал во градот во 1660-61 год., го препишал од мермерна плоча натписот што бил поставен на мостот при неговото обновување. Натписот гласи: "Кога луѓето го видоа обновувањето на овој беспримерен мост, фалејќи го , рекоа "Многу е поубав отколку што беше порано". Обновата била изведена 987 година по хиџра, односно 1579 год. Обновениот мост опстојивал пред почестите налети на реката. Но сепак, во 1817-18 год., за време на султанот Махмуд II (1808-1839 год.), била извршена нова интервенција, за која според податоците биле платени 28.816 гроша и 2 аспри. Интервенции за одржување на мостот се правени и подоцна. Така пред 1885 год. биле преземени градежни работи за обновување на арките и сводовите од североисточната страна, при што се употребени тули за сводовите и камени плочи за долните партии на столбовите. Низ сиот период, се до 1909 год., мостот имал огради од камени плочи. Во 1895 год., којзнае по кој пат, мостот се нашол под ударот на силно надојдените води на реката Вардар, па во 1896 и 1897 год. биле изградени заштитни ѕидови на кејот, како една од мерките за регулирање на речниот тек во овој дел. Од една денес изгубена камена плоча, која се до 1963 год. се наоѓаше на мостот, а чијшто врежан текст е препишан и така остана зачуван, дознаваме дека по наредба на султанот Мехмед V Решат, во 1909 год., било изведено проширување на мостот со помошта на метални конзоли, кои носеле тротоар од двете страни на мостот. Во 1944 год. камениот мост бил миниран од страна на фашистичката војска, но, при ослободувањето на градот било спречено активирањето на поставениот динамит и мостот бил спасен од уривање. Со цел да се врати првобитниот изглед на камениот мост, почнувајќи од 1992 год. се започнати нови интервенции. Така, тротоарите врз железните конзоли се симнати, со што е добиена првобитната ширина на мостот. Реставрацијата на камениот мост сеуште е во тек.






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca