|
1.5 MB
Матка - Св.Андреја
Црквата Св.Андреја се наоѓа позади браната Матка, во кањонот на р.Треска; во чиј што двор е сместен планинарскиот дом со ресторанот. По изградбата на браната Матка во 30-те години на XX век, патот до неа е лесен и пристапен, но во времето кога била изградена, во XIV век, пристапот до црквата бил исклучително тежок.
Врз основа на натписот кој се наоѓа на западниот влез од внатрешната страна на објектот се дознава дека манастирската црква ја подигнал вториот син на кралот Волкашин и брат на кралот Марко, Андрејаш во 1388/89 година.
Црквата била живописана од страна на зографите митрополитот Јован и монахот Григорие.
Кон главната црква, во средината на XVI век била доѕидана припрата која била живописана во 1559/60 година.
Првата фотографија е направена во годините пред војната, на платото пред црквата Св.Андреја - Матка, отприлика на местото каде што сега се наоѓа импровизираното пристаниште за чамците, непосредно пред платото на ресторанот.
|
|
|
|
|