|
Домати Полнети со Туњевина |
|
10 домати иста големина
2 кутии туњевина
1 главица кромид
2 кисели краставички
Мајонез
Доматите измијте ги, исечете ги врвовите и со лажичка извадете го семето и малку од меснатиот дел.
Туњевината сипајте ја во една чинија иситнете ја, додајте го извадениот дел од доматите, ситно сечкан кромид и ситно сечкани краставиците. Добро измешајте и со оваа смеса полнете ги доматите. Поклопете ги со извадените врвови, а секој домат украсете го со малку мајонез.
|
|
|