|
Пита од Ореви |
|
7 јајца
250 гр. брашно
250 гр. /едно пакло/ путер
250 гр. ореви
100 гр. чоколадо за готвење
250 гр. шеќер
2 лажици рум
Замесете тестo од 250 гр. брашнo, 250 гр. путер, едно јајце и 1 лажица рум. Поделете го тестото на два дела.
Припремете фил на следниот начин:
Изматете ги добро жолчите со шеќерот, додајте ги оревите, чокoладотo, 1 лажица рум и на крај пена oд белките.
Земете еден дел од тестото, расукајте го, ставете го во плехче, потоа ставете го филот преку кората. Расукајте ја и втората кора и ставете ја преку филот. Печете во рерна на 150ºС околу 40 минути.
|
|
|