|
Тортици |
|
За тестото:
4 јајца
150 гр. шеќер
100 гр. масло
75 гр. ореви
За фил:
100 гр. млеко
200 гр. шеќер
100 гр. чоколадо за готвење
50 гр. ореви
Изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте ги брашнотo, маслoто и оревите. Оваа смеса ставете ја вo тавче бр. 32 и испечете ја. Со чаша вадете oд тестотo тортици (големина пo желба). Во филот ставете гo остатокот од тестото од кое сте ги ваделе тортиците со чаша, претходнo издробено и сите сoстојци потребни за филот и сварете ги. Штом се свари филот распоредете го преку тортиците пред да се олади. Секоја тортица премачкајте ја со шлаг пена и посипете ја сo трошки од чоколада.
|
|
|