|
Непечен Ролат |
|
120 гр. путер
1 јајце
120 гр. шеќер во прав
120 гр. сомелени ореви
120 гр. растопена чоколада
120 гр. мелени бисквити
Изматете го добро јајцето со шеќерот, па додајте ги оревите, чоколадата и бисквитите и се убаво измешајте. Путерот изматете го добро и на крај додајте го во смесата.
Даската за месење посипете ја со кристал шеќер, истурете ја масата преку шеќерот па со раце обликувајте во ролат и увалкувајте го во шеќер. Овака спремниот ролат оставете го да се лади односно да се исуши пa после сечете го.
|
|
|