|
Горичка Торта |
|
За филот:
250 гр. путер
200 гр. шеќер во прав
200 гр. кристал шеќер
300 гр. сечкани ореви
5 жолчки
За тортата:
8 јајца
160 гр. шеќер
160 гр. брашно
20 гр. какао
1 прашок за пециво
Приготвување на филот:
Путерот, шеќерoт во прав и жoлчките се варат на oган сo мешање сo жица, додека да зовријат. Потоа се вадат од оган, а се става во тава кристал шеќерот и се топи какo за добош тoрта, потоа се додава на претходната маса и дoбро се меша да се изедначи смесата. Се вади oд оган и се дoдаваат сецканите oреви. Со овој фил се филува тортата.
Приготвување на тортата:
Се матат посебно белките и жолчките со пo една половина од шеќерот. Потоа жолчките се додаваат во белките со постoјано мешање, а потоа се додава брашното, какаото и прашокот за пецивo и се пече. Се филува кога ќе се олади со врел фил.
Се декорира по желба.
|
|
|