|
Непечена Торта |
|
250 гр. путер
250 гр. шеќер
4 јајца
4 (штангли) чоколадо
100 гр. подпечени во рерна бадеми и сомелени
1 мала чашка рум
Кекси „пти бер"
Изматете го добро путерот со шеќерот се додека не се направи пена. Во изматената смеса додадете ги едно по едно јајцата матејќи понатаму, а потоа додадете го чоколадото растопено и на крај бадемите.
Во тавче долгнавесто почнете да редите од кексите кои сте ги претходно потопиле во вода помешана со рум. Преку кексите ставете од филот и се додека се потрошат и кексите и филот. Од горе треба да бидат кекси. Оставете ја во фрижидер да се стегне, а утредента ставете и глазура од чоколадо.
|
|
|