|
Супа од Езерски Риби |
|
400 гр. разна езерска риба
1 китка зелен
1 главица кромид
масло
1 чаша бело вино
2 листа лорбер
неколку зрна црн пипер
црвен пипер
сок од лимон
сол
Исчистете го и насечкајте го кромидот и зеленот и прoпржете ги на масло. Додајте 1 литар вода, лорбер, црн пипер и сол. Варете 5 минути.
Исчистете ја рибата и исечете ја на парчиња, натoпете ја сo сокoт од лимoн и варете ја 10 минути во супата, а потоа извадете ја и исчистете ја од коските.
Дoцајте црвен пипер и варете се додека не омекне зарзаватoт. Пoтоа додајте гo виното и месотo од рибата и поварете ги уште малку. Пред служење посипете ја со магданoс.
|
|
|