|
Солени Стапчиња |
|
1 кгр. брашно
1 маргарин
1 чаша (од млеко) масло
1 чаша млако млеко
1 јајце
квасец
1 лажиче мало шеќер
1 лажиче мало сол
1/2 прашак за печење
Замесете тесто од наведените продукти.(Иако има квасец не треба да скиснува туку се наеднаш се става во брашното и се замесува). Од како тестото ќе стане глаткo расукајте го со сукало и вадете форми какви сакате: стапчиња, тркалца, переци и др. Премачкајте ги со разматенo јајце и посипете ги пак по желба со ким, сусам и др.
Печете ги на 200°С.
|
|
|