English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Почетна > Охрид (УНЕСКО) и околија > АНТИЧКИОТ ТЕАТАР Испрати на својот пријател

1.1 MB

АНТИЧКИОТ ТЕАТАР


Лоциран е во подножјето на источната косина на охридскиот рид, под Самуиловата крепост, во близина на Горна порта, од каде што се доловува незаборавна глетка на Охридското Езеро и на планините што го опкружуваат. Античкиот театар бил изграден пред два милениуми, во периодот на доцнежниот хеленизам, а бил преадаптиран веднаш по римските освојувања на овие краишта. Првите податоци за постоењето на овој театар, во литературата се јавуваат кон крајот на XIX век и во почетокот на XX век. Имало обиди да се открие овој театар, но сe се завршило со делумни ископувања кои не дале соодветни резултати. Сондажните ископувања од 1960 до 1962 година од страна на археологот Васил Лахтов, помогнаа да се одреди локацијата и големината на театарот. Систематските работи во 1977 година ги започна археологот Владо Маленко и по прекинот од шест години ги продолжи во 1984 година. Археологот Владо Маленко целиот Антички театар со просторот на сцената го откри во јуни 2005 година пред одржувањето на 45-тата меѓународна манифестација "Охридско лето". Секако, еден од значајните податоци се вклесаните имиња на посетителите на претставите на седиштата од театарот. Најверојатно тоа се имиња кои имале закупени места во овој театар. На сцената на отворениот реконструиран простор на Античкиот театар од 2001 година, се изведува традиционалната меѓународна манифестација "Охридско лето". На 12 јули 2005 год. на Античкиот театар во Охрид, на 45-тото издание на Меѓународната манифестација "Охридско лето", пред околу 3500 гледачи, почесно место во историјата на овој фестивал зазеде шпанскиот оперски тенор Хозе Карерас, примадоната Тина Горина и шпанскиот диригент Давид Хименез со одржаниот концерт со Македонската филхармонија.






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | Кујна | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca