English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Почетна > Охрид (УНЕСКО) и околија > Самоилова ТВРДИНА Испрати на својот пријател

1.0 MB

Самоилова ТВРДИНА


Уште од V век Охрид се споменува од страна на римските историчари како добро утврден град со многубројни кули, кој, како и другите римски градови, се брани од силните напади на скитачките племиња. Во 497 г. ја одбива опсадата на готскиот крал Teodorih. Во Х век Охрид, како престолнина на Македонскиот цар Самуил, има обновени и доста јаки тврдини. Денешната форма на тврдината е од времето на Самуил, макар што во историските извори се споменуваат разурнувања од страна на Василие II и на подоцнежните освојувачи. Последен владетел на Охридската тврдина бил Џеладин Бег (1800 - 1830) кој се оттргнал од османлиската власт и како самостоен феудалец владее со градот и кој оставил на оваа тврдина траги од крвавиот кулук. Највисокиот дел на Охрид, кој се издига 100 м. над нивото од Езерото, е опфатен од централниот дел со ѕидови високи 10 - 16 м. и одбранбени кули. Влезот во централниот дел е со голема порта и две полукружни одбранбени кули. Еден дел од надворешниот бедем се спушта кон запад во месноста Лабино, а другиот крак ја преминува надворешната “Горна Порта” ја зафаќа месноста “Дебој” и оттука кон југ се спушта кон Езерото. На местото “Дебој” се наоѓа третата порта, а потоа следува Челната порта, кај денешната црква Св. Богородица Челница и на дваесетина метри од брегот на Охридското Езеро се наоѓа Долната порта. Денешниот изглед на тврдината е со 18 кули од кои 3 полукружни и 15 квадратни со четири големи порти. Како што напоменавме тврдината претрпела многубројни поправки, а тоа најповеќе се гледа на самата Горна Порта во која се вѕидани многубројни мермерни сполии со грчки и римски натписи, кои потекнуваат од античките и римски згради, со какви што овој терен е преполнет. Во 2000-тата година Министерството за култура и Владата на Република Македонија му даде на Охрид најголем приоритет, вложувајќи огромни материјални средства за заштита, истражувања и ревитализација на спомениците на културата. Посебна поента се даде на осумгодишната проектна програма што е усвоена, за Самуиловата тврдина и со голем интензитет се работи на целосно откривање на сите културни напласти во северниот дел во внатрешноста на тврдината.






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | Кујна | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca