English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Почетна > Скопје и околија > Св. Пантелејмон (1164 година), Горно Нерези Испрати на својот пријател

3.9 MB

Св. Пантелејмон (1164 година), Горно Нерези


Mанастирот "Свети Пантелејмон" со истоимената манастирска црква се наоѓа во с. Горно Нерези, на планината Водно, на осум километри југозападно од Скопје. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата и манастирските конаци. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата на Комнените.

Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен (1081 - 1118). За подигањето на црквата во 1164 година сведочи натписот на мермерниот надвратник помеѓу нартексот и наосот на црквата, а чија содржината вели:

"Се разубави овој храм на светиот и славен Великомаченик Пантелејмон со средства на господинот Алексеј Комнен син на перфирородна госпоѓа Теодора во месец септември индикт 13 година 6673 (=1164), при игуменството на Јоаникиј монах"






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | Кујна | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca