English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Почетна > Ресен (Преспа) и околија > Национален парк Галичица Испрати на својот пријател

3.7 MB

Национален парк Галичица


Националниот парк Галичица се наоѓа на истоимената планина која припаѓа на Шарско-Пиндскиот планински систем. За национален парк е прогласен македонскиот дел од планината во 1958 година поради особените природни убавини и исклучително богатата и ендемична флора и фауна.

Паркот е сместен помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и има меридијански правец на протегање. Зафаќа површина од 227 кмІ.

Основната геолошка подлога на Галичица во најголемиот дел се палеозојски метаморфни силикати покриени со слој од масивни варовници дебели од 500-550 м, со сунѓереста структура и голема порозност.

Масивот има развиен релјеф со големи и длабоки долови и широко планинско било кое во јужниот дел на Галичица е со височина поголема од 2000 м. Таквиот релјеф и близината на двете езера овозможува посетителот за цело време да има извонредно долги и убави визури.

На Галичица владее блага умерено континетална клима, која е под влијание на големото количество вода од двете езера и топлите субмедитерански влијанија кои продираат преку релативно ниските планински превои во Албанија.

Покрај особените природни убавини и естетски вредности за Галичица е карактеристично тоа што претставува простор со еколошка интеграција од повисок ред и со се уште добро сочувана природна растителност во некои екосистеми.

Растителниот свет во Националиот парк Галичица е претставен со преку 800 видови , од кои голем број реликти и ендеми, чија крајна граница на распространување е токму планината Галичица. За одбележување е присуството на 11 досега откриени локални ендеми кои можат да се сретнат исклучиво на падините на Галичица, што претставува јасен доказ за специфичниот флористички состав на оваа планина. Треба да се истакне дека во моментов интензивно се вршат проучувања врз флората во националиот парк и постојат индиции дека бројот на ендеми е уште поголем.

Фауната на Галичица е исто така богата и разновидна. Точен податок за бројот на видовите на без'рбетници нема. 'Рбетниците се претставени со 170 видови од кои 10 водоземци, 18 влекачи, 124 птици и 18 цицачи.






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca