English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Почетна > Скопје и околија > Ckopje - Близу Матка Св. Богородица Испрати на својот пријател

1.7 MB

Ckopje - Близу Матка Св. Богородица


Манастирот "Св. Богородица" се наоѓа во близината на селото Глумово, на излезот на реката Треска од клисурата, кај селото Матка. Според одредени сознанија, најверојатно го изградил Бојко, син на властелинката Даница, ктиторка на црквата "Св. Никола" во селото Љуботен, Скопско. Еден натпис во љуботенската црква сведочи за градбата на овој манастир. Се претпоставува дека бил изграден во пред 1337 година, а од 1372 година во црквата имало надгробна плоча каде што се споменувал некој Маријо, наречен Велислав. Во 1497 година некоја жена по име Милица ја затекнала црквата запустена, па ја поправила и ја живописала, а била направена и нова припрата. Во октоихот што се наоѓа во манастирот Крушедол, има запис од 1687 година дека ракописот му бил подарен на овој манастир од браќата Андреја и Стојан Ковач. Во софиската Народна библиотека е зачуван кодик на овој манастир, пишуван во 60-80 години на XVI век. Во XVIII век бил пренесен во манастирот "Св. Никола Шишевски", а при крајот на XIX век во Бигорскиот манастир. Во 1716 година пеќскиот архиепископ Арсениј му подарил антиминс.






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca