English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Испрати на својот пријател

АБВГДЃЕЖЗЅИЈКЛЉМНЊОПРСТЌУФХЦЧЏШ



ШАБЛОН (КАЛАП)
ќе бидете или нерешителни или неспособни да остварите некоја своја намера.

ШАЈКА
ако најдете шајка - ќе ви се исполнат желбите; ако ковате шајки - ќе донесете вистинска одлука; долга шајка - долг живот; многу шајки - подобрување на ситуацијата; ако вадите шајки од нешто - ќе чуете некоја тајна; стара, 'рѓосана шајка - домот ви е во опасност.

ШАЛ
несреќа.

ШАМАК
успех на сите полиња.

ШАМИЈА
види - МАРАМА

ШАМПАЊ
непостојана среќа; ако пиете шампањ - трошите повеќе пари отколку што заработувате.

ШАМПИЊОНИ
внимавајте при изборот на брачен партнер; ако ги јадете - ќе бидете пофалени.

ШАНК
многу ќе ви ветуваат, а малку ќе исполнат.

ШАПКА
види - ШЕШИР

ШАПКАР
вложувате напор во нешто што нема да ви донесе никаква корист.

ШАРЛАХ (БОЛЕСТ)
кавга.

ШАТОР
ќе живеете како уличар.

ШАХ
ако играте шах - добри планови, но со несигурен крај; ако на сон учите да играте шах - моменталната желба нема да ви се оствари; ако гледате како други играат шах - не мешајте се во туѓите неволји.

ШАХОВСКА ТАБЛА
задоволство и смирување.

ШАХОВСКИ ФИГУРИ
се уште е далечен патот до потполниот успех.

ШЕБОЈ
пазете се од непотребни трошоци.

ШЕГУВАЊЕ
пријатни моменти; ако слушате како некој се шегува - жалост; ако се шегувате на туѓа сметка - со своите постапки ќе си создадете непријатели.

ШЕПА
шепа од кое било животно - ќе ве примораат да направите нешто против своја волја.

ШЕПОТЕЊЕ
ако шепотите со некого - лошо влијаете врз луѓето; ако шепотите со саканото лице - разочарување.

ШЕСТАР
непријатности од кои тешко ќе се извлечете.

ШЕТАЊЕ
ако шетате сами - среќа и радост; ако шетате со други - проблеми во работата.

ШЕЌЕР
ако јадете шеќер - многу ви ласкаат; ако купувате шеќер - добар живот; ако добиете шеќер - некој ве сака, а вие не знаете.

ШЕЌЕРАНА
ќе добиете покана за свеченост.

ШЕФ
ако го видите или разговарате со него - ќе ја смените професијата или работното место.

ШЕШИР
нов шешир - углед; стар шешир - губење на угледот; ако ветар ви го однесе шеширот - во последен моменет ќе ви избега некоја добивка; ако го чистите - ќе претрпите штета; шешир на глава - патување; шешир на туѓа глава - грижи; цилиндер - незгодни вести.

ШИЕЊЕ
добро вработување; ако се боцнете со игла при шиење - ќе дознаете за нечија свадба; ако ви подарат прибор за шиење - од срце ќе се израдувате на нешто; ако го изгубите приборот за шиење - љубовни јадови; машина за шиење - брз развој на некои настани.

ШИЛО
пазете се од моќта на својот противник / трудот ќе ви исплати.

ШИМПАНЗО
ве очекува омраза и завист.

ШИПКИ
ако берете зрели шипки - ќе стекнете нечија наклоност; ако берете незрели шипки - непријатности поради озборување; ако јадете шипки - ќе ви се восхитува околината.

ШИШАРКА
неочекувана среќа / брак со имашлив партнер.

ШИШЕ
празно шише - немаштија; шише полно со нешто - ќе ве озборуваат; шише полно со вино - богатство; скршено шише - сиромаштија и болест; големо шише - долгови; мало шише - големо изненадување.

ШКАФ
се наоѓате пред некоја тајна; ако на шкафот има клуч - тајната ќе биде откриена; отворен шкаф - не знаете да ги чувате своите тајни; многу шкафови - подобра иднина.

ШКОЛКА
празна школка - празна среќа; полна школка - многу среќа; ако ја најдете - непријатности од кои ќе се извлечете со тешки маки.

ШЛАКАНИЦА
ако удрите некому шлаканица - лага; ако примите шлаканица - се дружите со лошо друштво.

ШЛЕМ
ќе најдете моќен заштитник.

ШМИНКА
сте се отуѓиле од луѓето.

ШМРК
непријатно изненадување.

ШОЛЈА
углед и задоволство; ако на сон купувате шолја - ќе добиете покана за на гости; ако скршите шолја - одрекување од љубовта / неспретен потфат; ако добиете шолја како подарок - ќе сретнете верни пријатели; ако подарите некому шолја - радо сте видени во друштво; ако пиете од шолја - среќа во љубовта.

ШОФЕР
ќе ви се исполнат некои желби и надежи.

ШПИОН
ќе извршувате некои одговорни должности / вашиот срам ќе излезе на виделина.

ШТАВЕЊЕ КОЖА
ако вие штавите кожа - ќе морате да прифатите некоја непријатна работа; ако гледате како други штават кожа - ќе избегнете непријатна работа.

ШТАЛА
ако видите штала или се најдете внатре - ќе решите некои проблеми; ако е празна - лага; ако внатре има kouu - радост; ако има говеда - благосостојба.

ШТЕДЕЊЕ
успех на сите подрачја.

ШТЕДНА КНИШКА
некому ќе позајмите пари.

ШТЕТА
ако на сон претрпите штета - деловен успех.

ШТИПЕЊЕ
ако штипете некого - непријатности; ако некој вас ве штипе - непријатности и расправии.

ШТИТ
непријателите чекаат да згрешите.

ШТИЦА
ако сечете штици - смрт на некое блиско лице.

ШТРК
среќен брак; ако лета - неуспех во некој погфат.

ШТУКА
посета.

ШТУРЕЦ
ако на сон чуете штурец - имате пријатели за кои и не знаете.

ШУГА
ако на сон имате шуга - треба да го поправите своето однесување кон другите; ако друг има шуга - добивка.

ШУМ
шумолење на вода - непријатности на патување; шумолење на ветар - не карајте се за ситници.

ШУМА
веселба; ако одите низ шума - наследство; гола шума - многу работа; шума во пламен - несреќа; зелена шума - среќа; мрачна шума - несреќа, тага; исечена шума - неуспех; борова шума - големо изненадување; букова шума - голема добивка.

ШУМАР
углед и задоволство, но може да значи и опасност.

ШУМАРСКА КУЌА
ќе наидете на добар прием кај непознати луѓе.

ШУНКА
покана за на гости; ако јадете шунка - незадоволство, влошување на ситуацијата; расипана шунка - озборување; ако готвите шунка - интриги; ако сечете шунка - ќе обавувате некоја бескорисна работа; ако купувате шунка - раздор и кавги во домот.

ШУПЛИНА
ако се наоѓате во некаква шуплина и не можете да излезете - ве очекуваат тешки грижи и јад.



на почеток






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca