English



Скопје
Битола
Ресен (Преспа)
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица
Крушево
Радовиш
Прилеп
Дебар
Штип
Стоби
Виница
Маврово
Берово

Торонто

360 Македонска продавница, дуќан, сувенири, скулптури...
Скулптури (Лиен Камен)
Сувенири
Привезоци


Испрати на својот пријател

АБВГДЃЕЖЗЅИЈКЛЉМНЊОПРСТЌУФХЦЧЏШ



ЗАБАВА
ако на сон се забавувате - ќе одите на нечиј погреб и бидете сеќни што тоа не е ваш.

ЗАБАР
бес и јад.

ЗАБИ
ако ви паѓаат - смрт во семејството; ако извадите заб - ќе ги прекинете односите со некое непријатно лице; ако поправате заби - ќе сија средите ситуацијата; расипани заби - болест; убави, бели заби - здравје; нов заб - ќе чуете нешто што не сте го знаеле досега; вештачки заб - разочарување; златни заби - богатство; ако на сон миете заби - штета; ако ве болат заби - блиски луѓе ќе ви нанесат навреда.

ЗАБИВАЊЕ
ако забивате нешто - само со решителност и храброст ќе постигнете успех.

ЗАБЛУДА
ако сте во некаква заблуда - ќе најдете пријатели во неволја.

ЗАБОРАВАЊЕ
ако на сон нешто заборавите - загуба, назадување во работата.

ЗАБУНА
ако направите некаква забуна - пазете се од лажните пријатели.

ЗАВЕДУВАЊЕ
ако сте заведени - околината ве смета за лош човек; ако заведувате некого - се дружите со лошо друштво.

ЗАВЕСА
ќе се открие некоја тајна, неизвесна иднина.

ЗАВЕТ
ќе имате непријатности поради неодржани ветувања.

ЗАВИВАЊЕ НА ЖИВОТНО
многу лоши вести.

ЗАВИДУВАЊЕ
ако некому завидувате - успех, но со големи напори.

ЗАВОЈ
ќе ја изгубите сопствената слобода (можеби со венчавање).

ЗАГАТКА
ако решавате загатка - ќе добиете некои важни објаснувања; ако не ви успева да ја решите загатката - ќе се најдете пред некој многу замрсен проблем.

ЗАГЛИБУВАЊЕ
пропаст во блиска иднина.

ЗАДОЦНУВАЊЕ
на некој состанок - ќе пропуштите некоја поволна можност.

ЗАЕМ
ако добиете заем - ќе преземете некоја должност / лекомисленоста ќе ве доведе до неуспех; ако дадете заем - ќе си создадете непријатели.

ЗАЈАК
бел зајак - успех; црн зајак - несреќа; ако јадете месо од зајак - ако сте болни - ќе оздравите, ако сте здрави - благосостојба; ако убиете зајак - некој ќе ве поткаже дома; ако пукате во зајак - незгода на пат; ако гледате како играат или трчаат зајаци - озборување.

ЗАЈДИСОНЦЕ
долг живот и добро здравје.

ЗАКАНУВАЊЕ
неуспех при остварување на плановите.

ЗАКЛЕТВА
ако полагате заклетва - некому му е потребна ваша помош; ако лажно давате заклетва - ви претстои брак со вдовец/вдовица.

ЗАКОПУВАЊЕ
некого или нешто - пазете се, ќе имате судски спор; ако ве закопале живи - ќе бидете казнети поради љубопитност; ако сте мртви и ве закопуваат - ви претстои скоро венчавање.

ЗАКРПЕН ДЕЛ ОД ОБЛЕКА
ви претстојат тешки времиња.

ЗАКУП
ако земете нешто под закуп - благосостојба.

ЗАКУПНИК
ако видите закупник - благосостојба.

ЗАЛИВ
среќа, спас од непријатностите.

ЗАЛОГ
ако давате нешто под залог - успех во работата; ако примате залог - не распрашувајте се околу туѓите тајни; ако не го искупите залогот - непријатности; ако заложите туѓ предмет - неверство.

ЗАЛУТУВАЊЕ
ако на сон залутате - ве очекуваат и пријатни и непријатни изненадувања; ако залутате во град - полека, но сигурно ќе стигнете на целта; ако залутате вон град - залудно се трудите; ако залутате во шума - ново познанство; ако залутате во поле - беда.

ЗАМАВНУВАЊЕ
деловен успех.

ЗАМЕНА
ако заменувате нешто со некого - ќе имате успеси во однесувањето со луѓето.

ЗАМИНУВАЊЕ
без поздрав - нагла смрт; со поздрав - промена на позициите. ЗАМОК
ако видите замок - нема да ви се остварат желбите; ако живеете во замок - благосостојба и среќа.

ЗАМОР
ако на сон почувствувате замор - во своите потфати ќе застанете пред самата цел.

ЗАНАЕТЧИЈА
вашата вредност ќе дојде до израз.

ЗАПАЛКА
премногу сте експлозивни и тоа ќе ви донесе само штета.

ЗАПАЛУВАЊЕ
ако запалите оган - ве очекуваат низа непријатности поради сопствено незнаење; ако ја запалите својата куќа - телесни повреди; ако запалите туѓа куќа - кавга, а можеби и тепачка.

ЗАПОЗНАВАЊЕ
со некого - непријатности.

ЗАПРЕГА
коњска запрега - опасност.

ЗАПРШКА
грижи.

ЗАРАЗА
болест во семејството.

ЗАРОБЕНИК
ако сте заробеник - не грижете се за секојдневните потреби; ако видите заробеници - ќе ве излажат.

ЗАСЕДА
ако паднете во заседа - добро ќе се одвива работата; ако некому спремате заседа - се подготвува некое зло.

ЗАСИПНАТОСТ
ако сте засипнати - добивка, корист; ако е некој друг засипнат - некој ќе се насладува со плодовите од вашата работа.

ЗАСОЛНИШТЕ
посета; ако барате засолниште - ќе се случи нешто многу непријатно; ако барате и не наоѓате засолниште - имате неверни пријатели; ако го најдете - ќе добиете помош во неволја; ако живеете во засолниште - ќе доживеете срам или штета поради непристојно однесување.

ЗАТВОР
пред вас стои една многу непријатна задача; ако сте во затвор - ве очекуваат големи неприлики; ако излегувате од затвор - смртна опасност / ослободување од грижите.

ЗАШТИТНИК
ако сте некому заштитник - имате добри намери, но околината лошо ве сфаќа; ако имате заштитник - ќе ве наговараат на злодело.

ЗБИРКА
на растенија - радост; на камења - непријатен настан; на марки - напори без цел; збирка на инсекти - непријатности.

ЗБОРОВИ
ако чуете зборови и ги разберете - среќа; ако не ги разберете - лошо ќе ви тргне.

ЗБОРУВАЊЕ
ако некому нешто зборувате - углед; ако слушате некого како зборува - ќе бидете во досадно друштво; ако на сон зборувате на странски јазик - ќе се израдувате на гости од далеку.

ЗГРАДА
ако гледате како се гради - со трудољубивост ќе дојдете до успех; ако се вселувате во нова зграда - подобрување на материјалната ситуација; рушење на зграда - ви претстојат многу пречки на патот до успехот; трошна зграда - озборување.

ЗДОЛНИШТЕ
ако добиете здолниште - штета; ако купите здолниште - сиромаштија; ако носите црно здолниште - погреб; искинато здолниште - корист.

ЗДРУЖУВАЊЕ
со некого - ви претстои брак.

ЗЕБРА
неуспех порад неодлучност.

ЗЕЛЕНА БОЈА
среќна иднина.

ЗЕЛЕНЧУК
ако берете зеленчук - ќе ви се исполнат некои тајни желби; ако готвите зеленчук - кавги во семејството; ако јадете јадење од зеленчук - многу непријатности поради сопствената лекомисленост; ако јадете сиров зеленчук - ви се заканува опасност од пожар.

ЗЕЛКА
ако садите зелка - безгрижен живот; ако јадете зелка - остварување на желбите, но со голем труд.

ЗЕМИЧКА
ако купувате земичка - подарок; ако сечете земичка - штедливост; ако јадете земичка - ќе бидете задовлни и со малку.

ЗЕМЈА
ако копате земја - непријатен настан; ако лежите на земја - болест, непријатности; ако се отвори земјата - кавги; исушена земја - непријатности и неуспеси; плодна земја - благосостојба.

ЗЕМЈАК
ако на сон сретнете земјак во странство - ќе чуете поволни вести.

ЗЕМЈАНКА
ако живеете во земјанка - немир и незадоволство; ако друг живее во земјанка - злобно се радувате на туѓата несреќа.

ЗЕМЈИНА ТОПКА
големо патување.

ЗЕМЈОДЕЛЕЦ
благосостојба со многу труд.

ЗЕМЈОДЕЛИЕ
богатство.

ЗЕМЈОПОСЕДНИК
ако видите земјопоседник - неостварени жебли; ако сте вие земјопоседник - успех во работата.

ЗЕМЈОТРЕС
не ги заборавајте своите должности кон црквата / опасност.

ЗЕНИТ
имате претерани желби.

ЗЕТ
грижи.

ЗИМА
непријатности / време е да почнете со работа.

ЗИМЗЕЛЕНО ДРВО
верувајте им на пријателите.

ЗИМНИЦА
ако спремате зимница - само со штедење ќе дојдете до заработувачка.

ЗЛАТАР
загуба на пари.

ЗЛАТЕН РУДНИК
ако пронајдете златен рудник - ви претстои сигурна добивка.

ЗЛАТНА РИПКА
среќата ќе ви избега.

ЗЛАТНА ХАРТИЈА
ќе го добиете она што сте го сметале изгубено.

ЗЛАТНО ЛАНЧЕ
венчавање во семејството или на некои пријатели.

ЗЛАТНИК
ако барате златници - големи трошоци; ако најдете златници - радост и благосостојба.

ЗЛАТО
ако најдете злато - среќа, наследство; ако копате злато - ќе наидете на среќа таму каде што ја очекувате; ако поседувате злато - богатство; ако ковате злато - благосостојба; ако сте закитени со злато - луѓето ве сметаат за премногу лоши; ако крадете злато - лоши вести; ако подарувате злато - ќе бидете поканети на нечија свадба; ако изгубите злато - загуба; ако добиете злато како подарок - ќе бидете осрамотени.

ЗЛОСТОРСТВО
ако видите злосторство - ќе имате работа со полиција; ако направите злосторство - смртна опасност.

ЗМЕЈ
ако ве гони - со многу маки ќе избегнете некоја опасност; ако се борите со змеј - ќе направите некое добро дело; ако јавате на змеј - голема чест; змеј од хартија - веселба; ако гледате како лета змеј од хартија - искачување и благосостојба; ако паѓа змеј од хартија - непријатности.

ЗМИЈА
внимавајте, некој од вашата околина сака да ви напакости; змија со повеќе глави - голема опасност; многу змии - подмолни пријатели; многу змии од кои не можете да избегате - има малку изгледи за подобри времиња; ако ве касне змија - поради озборување ќе расипете некои добри односи; ако убиете змија - триумф над непријателите; голема змија - загуба; мала змија - ќе се лутите некому; ако вие ја нападнете змијата - опасност, болест, дури и смрт.

ЗНАМЕ
среќа; ако се вее на ветар - пребродена опасност; ако носите знаме - пресврт на подобро во работата; знаме на куќа - ве чека слава; улица со знамиња - веселба; црно знаме дома - несреќа.

ЗНАЧКА
ако носите значка - непријатности; ако видите значка на друг - ќе избегнете некои непријатности.

ЗОБ
среќна иднина.

ЗООЛОШКА ГРАДИНА
со успех ќе завршите некоја важна работа / непријатно познанство.

ЗУМБУЛ
ќе добиете подарок / тага.



на почеток






Privacy Policy | Почетна | Соновник | Хороскоп | Кујна | 360 Дуќан | Коментари | Контакт
© 2006 - 2013 Сите права се задржани 360Macedonia.com
Design & Hosting - nakka.ca